Доделени 8 партнерски грантови за организациски развој

13 Јун 2019

На состанок кој се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар на 12.06.2019 година, 8 граѓански организации потпишаа Договор за грант како дел од грантовата шема „Партнерски грантови за организациски развој“. На состанокот присуствуваа и претставници од партнерските организации кои ќе обезбедат менторска поддршка за добитниците на грант:

бр.Главен апликантГрадПартнерГрад
1Нексус – граѓански концептСкопјеЦентар за управување со промени – ЦУПСкопје
2Здружение на правници „Легал Тхинк“ШтипФондација за развој на локална заедница – ФРЛЗШтип
3АнглунипеТетовоАсоцијација за демократски развој на Ромите – СонцеТетово
4ЦСРД ПризмаСкопјеФорум ЦСИДСкопје
5Здружение на граѓани Велес БајкингВелесЦентар за економски анализи – ЦЕАСкопје
6Мрежа на млади фармериДебарцаРурална коалицијаКуманово
7Здружение на граѓани „Нов мост“ПрилепЗдружение „Мировна акција“Прилеп
8Центар за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАББитолаЗдружение Младински СоветПрилеп

Со помош на овие грантови малите организации кои делуваат на локално ниво со поддршка од своите партнерски организации, преку соработка и заедничко учење ќе ги зајакнат своите капацитети во период од 6 до 9 месеци. Тие ќе подготват стратешки планови, планови за прибирање на финансиски средства, планови за односи со јавност и други организациски документи, чија подготовка ќе биде проследена со зајакнување на своите капацитети преку работилници и обуки и нивна целосна вклученост во развојот на организациската структура на своите организации.

На повикот пристигна вкупно 31 апликација, од кои 19 ја поминаа административната проверка и проверка на подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет.

Овие грантови се доделуваат преку програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ спроведувана од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а финансирана од ЕУ.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...