Приближување на младинското учество и волонтирањето до младите штипјани

24 Јул 2024

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” во РЦ Штип организираше две  информативни сесии за младинско учество и волонтирање со вкупно 31 ученик од средно и основно училиште и тоа: на 10 мај 2024 со ученици од 8-те и 9-те одделенија од ООУ Димитар Влахов од Штип и на 10 јуни со учениците од СОУ Коле Нехтенин од Штип.

Целта на информативните сесии беше охрабрување на присутните за вклучување во младинско учество и волонтирање, а исто така и нивно информирање за актуелните случувања за развој на граѓанското општество, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво, особено во делот на младинско учество и волонтирање.

На средбите се дискутираа теми кои ги интересираа младите учесници, како што се начините за младинско учество, решавање на проблемите на младите и нивниот придонес, волонтерство и можности за ангажман, придобивки од волонтирањето, функционирање на граѓанските организации и зошто и како тие допринесуваат во заедниците и општеството.

Низ дискусиите, покрај забележителниот интерес на учениците на овие теми, беше евидентно дека тие се слабо информирани за истите.

Од спроведената кратка анкета на почетокот на овие две информативни средби за утврдување на нивото на општи познавања на учесниците од оваа област, произлегоа следните резултати:

  • Учениците не знаат за активностите на граѓанските организации (100% од средношколците и 60% од основците не знаеја за ниту едно здружение).
  • Само 1% од основците и 40% од средношколците знаеја дека за основање здружение потребно е да има 5 основачи.
  • Разбирањето на основните карактеристики на волонтерството е на нешто повисоко ниво (93% од основците и 80% од средношколците ја препознаваат доброволноста).
  • Сепак, ниту еден од средношколците не препознава дека за волонтирањето не се добива финансиски надомест.
  • 73% од основците знаат дека 5-ти декември е Светски ден на волонтерството, но ниту еден од средношколците не го знае тоа.

За време на информативните средби на учениците им беа дадени соодветни информации и отворена покана за идни средби каде што ќе можат да поставуваат прашања и да добијат дополнителни разјаснувања.

Овие две средби нема да бидат последни. Од септември, проектниoт тим во соработка со ученичките организации од основните и средните училишта, ќе се обиде да вклучи што е можно повеќе млади во слични информативни настани.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...