Повик за учество на работилница за Мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво за граѓанските организации

20 Ное 2025

Граѓанскиот ресурсен центар упатува повик до граѓанските организации за учество на дводневна, практична и интерактивна работилница посветена на развивање и унапредување на системи за мониторинг, евалуација и учење (МЕУ) на организациско ниво. Работилницата ќе се одржи на 16-17 декември 2025 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје.

Работилницата ја води Елизабета Марковска Спасеноска, искусна обучувачка во областа на организациско учење, стратешко планирање и развој на системи за МЕУ.

Зошто да учествувате?

Во текот на два дена, учесниците ќе имаат можност да:

  • се запознаат со клучните теоретски рамки и принципи на МЕУ во граѓанските организации;
  • ги идентификуваат организациските предуслови за ефективно воспоставување на систем за МЕУ;
  • работат на развивање на процеси, процедури и политики поврзани со мониторинг и евалуација;
  • изработат или унапредат План за МЕУ, вклучувајќи индикатори, почетни и целни вредности;
  • дефинираат методи за собирање, обработка и анализа на податоци;
  • планираат интерни евалуации и опишат работни задачи за нивна примена;
  • научат како податоците од МЕУ се користат за организациско учење, подобрување на програмите и транспарентно известување.

Работилницата вклучува презентации, практична работа по организации, дискусии и можност за размена на искуства.

Учество

Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои се одговорни за стратешко планирање, МЕУ процеси, управување со програми или организациски развој.

Предуслов:
За учество е потребно кандидатот претходно да ја ислуша Онлајн обуката за мониторинг, евалуација и учење, достапна на онлајн Академијата на Граѓанскиот ресурсен центар.

Пријавување

Пријавете се најдоцна до 5 декември 2025 година. Бројот на учесници е ограничен.

Пријава за МЕЛ на организациско ниво за ГО
  • Информации за организацијата
  • Информации за лицето кое се пријавува за учество на работилницата

Пријава за обука за Мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво за граѓански организации

16 – 17 декември 2025, ГРЦ Скопје


Оваа работилница е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.