Обука за Мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво за граѓански организации
Преку обуката ќе се запознаете со карактеристиките на системот за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво, како и со основните предуслови за воспоставување на ваков систем. Ќе разгледате генерички процес на мониторинг и евалуација и ќе ги проучите чекорите во системот на организациско учење. Ќе ги истражите различните видови евалуација и нивната применливост во организацијата. Исто така ќе се запознаете со практични алатки за планирање и водење на интегриран систем за мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво.

Елизабета Марковска Спасеноска
Обучувач
Што ќе научиш преку онлајн обука?
Да воспоставиш интерен процес на мониторинг евалуација и учење на организциско ниво
Да подготвиш план за мониторинг евалуација и учење на организациско ниво
Да дефинираш опис на работни задачи за различни видови на евалуација
Да го систематизираш организациското учење
За кого е наменета оваа обука?
Обуката е наменета за програмскиот персонал и извршното раководство во граѓанските организации
Потребни предзнаења
Не се потребни предзнаења, но заради применливост добро е организацијата да има подготвен стратешки план или годишна програма
ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL
Откако ќе се регистрираш, предавањата и материјалите од обуката ги добиваш по e-mail
ВИДЕО ЛЕКЦИИ
Предавањата се во видео формат, секое во времетраење од околу 10 минути
ВРЕМЕТРАЊЕ
Онлајн обуката се состои од 3 модули распределени во една недела, добиваш нов модул секој втор ден
ИНТЕРАКЦИЈА
Провери го наученото преку квизови и вклучи се во дискусија со другите учесници
ПРИРАЧНИК ЗА МОНИТОРИНГ, ЕВАЛУАЦИЈА И УЧЕЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКО НИВО ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Оваа публикација претставува сеопфатен Прирачник за мониторинг, евалуација и учење (МЕУ), наменет за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во Македонија
Кои се темите кои се изучуваат на обуката
модул 1
- Теоретски концепти; Преглед на основите на мониторингот, евалуацијата и учењето.
- Теоретски рамки за мониторинг, евалуација и учење: Логичка рамка, Теорија на промени, Рамка на резултати.
- Организациски предуслови за воспоставување систем за мониторинг, евалуација и учење – стратегија, структура и ресурси.
- Поврзаност на процесите на стратешко и годишно планирање, и известување, со процесот на мониторинг и евалуација во организацијата.
- Елементи на системот за мониторинг, евалуација и учење.
МОДУЛ 2
- Различни нивоа на клучни организациски постигнувања; дефинирање СМАРТ цели, резултати; разлики помеѓу цели, резултати и продукти.
- Видови индикатори; употреба на видовите индикатори; дефиниции на индикатори, извори на податоци, расчленување на податоците, квалитет на податоци.
- Што е почетна вредност, стандардни вредности и репери; начини на утврдување почетни вредности; методи за поставување целни вредности.
- Методи за собирање податоци: анализа на документи, анкети, механизми за брза повратна информација; дата бази и софтверски решенија.
МОДУЛ 3
- Поимот евалуација; видови евалуација; фази во евалуацијата; планирање евалуација.
- Елементи на опис на работни задачи за спроведување евалуации; дефинирање цели и опфат на евалуацијата, критериуми за евалуација, евалуациски прашања, етика, барања за известување, евалуациска матрица, употреба на препораките од евалуацијата.
- Што е индивидуално, а што организациско учење; видови учење; елементи на генерички процес на учење во граѓански организации; добри практики.
Обучувач: Елизабета Марковска Спасеноска
Елизабета Марковска Спасеноска располага со значајно искуство и знаење во областа мониторинг, евалуација и учење (МЕУ) стекнато низ повеќе од 25 години работа во развојниот сектор за меѓународни и домашни организации и донатори. Таа е водечки експерт за МЕУ во проекти финансирани од меѓународни организации при што во рамки на своите задачи изработувала сеопфатни системи за МЕУ, планови за мониторинг и испорачувала обуки и менторски аранжмани за граѓански организации и активисти за спроведување на МЕУ на организациско ниво. Нејзиното портфолио до сега исто така опфаќа спроведување на независни евалуации за над 25 клиенти, како и реализација на најмалку 10 истражувачки проекти кои опфаќале национални истражувања, анализи и подготвка на сеопфатни извештаи.

