Повик за учество на обука за собирање податоци за граѓанските организации и употреба на алатката KoboToolbox

3 Јун 2025

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот "ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2", финансиран од Европската Унија, во соработка со Kobo Inc. објавуваат повик за бесплатна еднодневна обука за претставници на граѓански организации.

ℹ️ Основни информации

📍 Локација: Граѓански ресурсен центар, Скопје
📅 Датум: 11 јуни 2025 година
⏰ Време: 09:30 - 16:30 часот
💰 Трошоци: Покриени трошоци за транспорт за учесници надвор од Скопје
🧑🏻‍🏫 Обучувач: Борис Ристовски, KoboToolbox амбасадор

🎯 Зошто да учествувате?

Во денешното време на засилена дигитализација, способноста за ефикасно собирање и анализа на податоци е клучна за секоја граѓанска организација. Оваа обука ви нуди можност да го совладате KoboToolbox - една од најмоќните и најшироко користени алатки за собирање податоци во хуманитарниот и развојниот сектор.

Покрај изучување на различните методи за собирање податоци, обуката ќе вклучи и практична примена на алатката KoboToolbox за собирање и управување со податоци. Научете како да развиете моќни формулари за собирање податоци и како ефикасно да собирате податоци на терен или онлајн.

👥 За кого е наменета обуката?

Оваа основна обука е наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да ги подобрат своите вештини во развој и примена на ефективни формулари за собирање податоци. За оваа обука нема потреба од претходно предзнаење - може да се пријават и учесници кои немаат никакво искуство во собирање податоци.

📚 Што ќе научите на обуката?

  • Како да планираме активност за собирање на податоци
  • Дизајн на прашалник и избор на соодветна алатка за собирање податоци
  • Осврт на 25 различни формати на прашања во алатката KoboToolbox
  • Поставување на логика на прашалникот и верификација на внесените податоци
  • Вовед во понапредни теми и можности при собирање на податоци
  • Преглед, модификување, основна анализа и визуелизација на податоци
  • Менаџирање на проекти, анкетари и медоти за верификација на податоци

🏆 Што добивате?

По завршување на обуката, секој учесник ќе добие:

  • Сертификат за учество што ќе ги подобри неговите професионални квалификации
  • Практично искуство со реални примери
  • Пристап до дополнителни ресурси и материјали за понатамошно учење
  • Мрежа на контакти со други професионалци од граѓанскиот сектор

🚌 Поддршка за учесници

За пријавените учесници надвор од Скопје, ќе бидат покриени трошоци за транспорт во висина од автобуска карта до дадената локација. Дополнително, за време на обуката ќе бидат обезбедени ручек, освежителни паузи и работни материјали.

🗒️ Агенда

ЧасАктивност
09:30-10:00Пристигнување и регистрација на учесниците
10:00-10:15Воведно обраќање и запознавање со учесниците
10:15-11:15Сесија 1: Поставување цели на обуката, Техники за собирање податоци, Алатки, Стратегија, релани примери
11:15-11:30Кафе пауза
11:30-12:30Сесија 2: Креирање прашалник со употреба во KoboToolbox со употреба на 25 различни формати на прашања
12:30-13:30Ручек
13:30-14:30Сесија 3: Објава на прашалник, споделување, менаџирање на проекти и анкетари, превод на анкети, анализа на податови, визуелни извештаи
14:30-14:45Кафе пауза
14:45-15:45Практична работа: Креирање на прашалник, активирање на мобилен уред, верификација
15:45-16:00Завршно обраќање, следни чекори, фидбек и доделување сертификати

📝 Како да се пријавите?

Пријавете го вашето учество со пополнување на следниот формулар најдоцна до 8 јуни 2025.

Пријавуањето е завршено.

Погледнете го вебинарот како вовед во обуката.

Зајакнете ги вашите вештини за професионално собирање и анализа на податоци!

Оваа обука е дел од континуираните напори на ГРЦ за зајакнување на капацитетите на претставниците на граѓанските организации во Македонија, со поддршка на Европската Унија.