Повик за работилница за волонтерство

15 Мар 2021

Вашата организација нека биде носител на позитивни промени во општеството поттикнувајќи и поддржувајќи го волонтерството како алтруистичка активност.

На оваа тема, Граѓанскиот ресурсен центар отвара јавен повик и ги повикува граѓанските организации да бидат дел од работилницата за волонтерство.

Целта на работилницата е претставниците од организациите да се стекнат со основни познавања и усогласено разбирање на клучните поими и процеси поврзани со волонтерството. Да го совладаат процесот на привлекување нови волонтери, нивно активно и долгорочно учество во граѓанскиот сектор.

Дополнително, ќе биде овозможена поддршка во процесот на планирање и ефективно управување со волонтерскиот капитал во вашата организација.

Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ЗООМ на 24-ти и 26-ти март 2021 година од 10:00 до 13:00 часот.  

Начин на пријавување

Сите заинтересирани организации пријавата за учество испратете ја на [email protected] најдоцна до 22-ти март 2021 година.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...