Повик за обука за комуникации и видливост на граѓанските организации

11 Фев 2020

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на:

Обука за комуникации и видливост на граѓанските организации, 26-27 февруари во Велес.

Обуката ќе им послужи на учесниците да развијат комуникациска стратегија за нивната организација и ќе ги запознае со методите и техниките за зголемување на видливоста. Покрај тоа, особено внимание ќе се посвети на креирањето богата и примамлива содржина за публиката; како и примена на онлајн алатките потребни за континуирано интернет присуство на организациите.

Обуката е на основно ниво и ќе биде најкорисна за лицата кои работат на комуникација и видливост во граѓанските организации, па истите ќе имаат предност при аплицирањето.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на [email protected] најдоцна до 20 февруари 2020 година до 16 часот.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...