Повик за избор на членови на Советодавна група

11 Мар 2025

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи Гостивар и Медиа плус Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите  да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.

Оваа група ќе има советодавна улога во рамките на проектот и ќе го следи функционирањето на ресурсните центри и регионалните експерти за развој на граѓанското општество на локално ниво. Групата ќе обезбедува совети и препораки за подобрување на обезбедувањето на услуги и поддршка за граѓанските организации.

Структура на Советодавната група на ресурсните центри

Советодавната група се состои од 11 членови од следниве институции:

  • Двајца претставници на владини институции;
  • Двајца претставници на донаторската заедница;
  • Претставник на локален младински совет/младински центар;
  • Претставник на Центар за развој на плански регион;
  • Претставник на локална акциона група;
  • Претставник на локален економско-социјален совет;
  • Претставник на мрежа доминантно активна на локално ниво;
  • Претставник на организација/мрежа во област на медиуми;
  • Претставник од академската фела.

Критериуми за избор на преставник од:

  1. Локален младински совет или младински центар, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која управува со локален младински совет или младински центар;
    • Биде на возраст до 29 години;
    • Има минимум една година искуство во граѓанско општество.
  1. Центар за развој на плански регион, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран во Центар за развој на плански регион;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;
    • Учество во работа на граѓанска организација е предност.
  1. Локална акциона група, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член на локална акциона група;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Локален економско-социјален совет, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која е вклучена во функционирањето на локален економско-социјален совет;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Мрежа доминантно активна на локално ниво, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно е активна на локално ниво;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Организација/мрежа во област на медиуми, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во организација/мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно работи во областа на медиуми и медиумска писменост;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво.
  1. Академската фела, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран во некоја академска институција (универзитет, институт или др. висока школа за високо образование) во Република Северна Македонија;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;

Пријави се на следниов формулар:

Пријава за Советодавна група
ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...

Честит 27 февруари – Светскиот ден на невладините организации!

Честит 27 февруари – Светскиот ден на невладините организации!

Светскиот ден на Невладините организации е ден посветен на оддавање признание на милионите граѓански активисти ширум светот, со особена почит кон критичната улога што непрофитните и невладините организации ја играат во поттикнувањето на здрав, безбеден и правичен...