Повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка

28 Мар 2025

Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

  • Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
  • Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
  • Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
  • Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
  • Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
  • Анализа на организациски капацитети

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.

Како да аплицирате?

Заинтересираните организации треба да изразат интерес со образложение на потребата за менторска поддршка во една или повеќе од горенаведените области.

Што добивате?

✅ Индивидуална менторска поддршка
✅ Пристап до ресурси и алатки
✅ Поддршка во спроведување на наученото

Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!

За дополнителни информации, контактирајте нè на: [email protected]

Пријави се на следниов формулар:

Пријава за менторска поддршка
Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...