fbpx

Потребни се преговори за подобра овозможувачка околина за ГО

25 Апр 2018

„Воспоставувањето на Советот за соработка со граѓанските организации е многу важна активност која сите ние ја поддржуваме. На неа гледаме како на инклузивна платформа каде Владата и граѓанските организации ќе дискутираат за прашањата кои го засегаат граѓанското општество“, рече Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, во неговото обраќање на презентацијата на петтиот Извештај за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2017 г. подготвен од МЦМС. Тој ја истакна важноста од постоење на култура на дијалог и консултации со граѓанскиот сектор, посочувајќи на примерот од Црна Гора каде постојат тимови за преговарање по различни точки.

„Минатата 2017 г. ја карактеризираа две различни полугодија: првото, во кои доминираа инспекции, внатрешни контроли и мешање на државата во работењето на организациите, и второто, во кое преовладуваше отвореноста на институциите и вклучувањето на граѓанските организации во процесите на креирање политики“, рече Симона Огненовска, една од авторките на Извештајот. Таа посочи на покажаната волја за соработка од страна на новата Влада со менувањето на роковите потребни за консултации на ЕНЕР од 10 на 20 денови, реактивирањето на Советот, одржувањето на широки консултации, потпишувањето меморандуми за соработка и други средби.

Наташа Габер Дамјановска, в.д. директор на ИСППИ, го се осврна на прашањето на финансиска одржливост на граѓанските организации кое останува болна точка во Македонија. Таа истакна дека според бројките, околу 60% од нив се финансирани од странски донатори и останувата високо зависни од нив. Позитивен аспект се измените на Законот за персонален данок на доход, но сепак останува потребата од измени и во останатите клучни даночни закони за граѓанските оганизации.

„Од приложеното можеме да извлечеме генерална констатација дека се работи за релативно овозможувачка околина. Клучен фокус во наредниот период, особено кога е во тек креирањето на Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020, самите граѓански организации да ги дефинираат приоритетите заради нивна подобра репрезентација во крајниот документ“, додаде Дамјановска на крајот од своето излагање.

Настанот се одржа на 24 април во Холидеј ин, во Скопје.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...