Побарајте бесплатен ЗУМ (ZOOM) акаунт за вашите онлајн настани

5 Окт 2023

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) и понатаму им ги олеснува онлајн настаните на граѓанските организации и им обезбедува бесплатен ЗУМ за нив. За услугата, треба само да доставите Барање за користење на платформата ZOOM и доколку бараниот термин е слободен, а барањето е во согласност со условите за користење, ќе добиете линк за пристап. 

Организациите имаат можност да организираат онлајн состаноци, настани или вебинари со максимум 100 учесници, а, достапни се и различни функционалности како: анкети, бела табла, соби за работа во групи, споделување на екран, лајвстим на настанот, можност за вклучување на неколку канали за превод на други јазици итн. Организациите можат да сметаат на поддршката од ГРЦ доколку немаат претходно искуство со користење на оваа платформа. 

ГРЦ ја воспостави оваа услуга во јуни 2020 година како едно од решенијата за олеснување на работата на организациите во услови на пандемијата предизвикана од КОВИД 19. До сега онлајн просторот на ЗУМ беше искористен за организирање на над 250 настани од граѓански организации со повеќе од 5000 учесници.   

Предностите на настаните со физичко присуство ни се познати на сите, сепак, и онлајн настаните носат свои придобивки како што се:

  • Заштеда на време.  
  • Заштеда на пари. Со онлајн настанот штедите на патните, трошоците за простор, сместување, храна, итн. 
  • Вклучување на учесници од различни локации во земјата и во странство во реално време
  • Поефикасна внатрешната комуникација преку почесто организирање на онлајн координативни состаноци. 
  • Пристапност и инклузивност. Интернет конекција и апарат (телефон, компјутер) е се што е потребно за да се вклучите на онлајн настан.  
  • Можности за организирање онлајн обуки и семинари за јакнење капацитети. Платформата ЗУМ со сите достапни функционалности овозможува планирање на интерактивни и ефикасни програми за обука.

Секако има уште низа на придобивки од користењето на платформата ЗУМ, и, истите можете да ги истражите и самите при организирање на вашите он-лајн настани со поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар. 

Ги очекуваме вашите барања!

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ. Целта на настанот е да се отвори дискусија...

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина...

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

„Формирање на Локален младински совет во нашата општина е предизвик со кој во моментов се соочуваме“ истакнаа претставниците на локалните организации и младите активисти од Берово, на средбата со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), која се одржа на 03 октомври...