„Отвореното владино партнерство ги има своите најдобри денови“

8 Мај 2018

„Нашата цел е Акцискиот план да биде фокусиран, насочен кон иновативни мерки, да не е гломазен и со голем број различни мерки и цели, за да може имплементацијата да биде конкретна, мерлива и целосна“, рече Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација (МИОА), на отворањето на дводневната конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020″. Тој најави дека МИОА работи на отворање на податоците кои произлегуваат од работата на државните институции, со што тие ќе станат лесно достапни до заинтересираните страни, а во август годинава ќе се пушти во употреба и нов портал за отворени податоци.

Н.Е. Микаела Швајзер- Блум, Заменик Амбасадор на САД во Македонија, говореше за позитивните примери на отворено владино партнерство во САД и зголемените очекувања од страна на граѓаните по прашањето на вклученост во процесот на донесување одлуки. „Отворена Влада е добра за државниот буџет бидејќи зголемената транспарентност ја намалува корупцијата. Таа е добра и за бизнисот, бидејќи со објавување на повеќе актуелни податоци од страна на Владата може да се јават нови можности за бизнисите. Но, таа пред сè е добра за граѓаните. Кога младите ќе видат транспарентна Влада, тие гледаат можности; а кога ќе видат Влада спремна за соработка, тие ја гледаат нејзината вложеност во партнерството со граѓаните“, рече таа.

За покажаната отвореност на Владата која е дел од патот до интеграцијата во ЕУ говореше Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија. „Она што оваа држава го постигна изминативе месеци е неверојатно. Конечно имаме Совет за соработка со граѓанските организации, конечно граѓанското општество учествува на работилници кои ги засегаат секторските политики, па отвореното владино партнерство сега ги има своите најдобри денови. Затоа топло ги поздравувам присутните и добредојдовте во дискусијата“, изјави тој.

Првиот ден ќе се дискутира за отвореното владино партнерство и напредокот и резултатите од спроведувањето на Националниот акциски план (НАП) 2014-2016.

Презентациите вториот ден ќе се однесуваат на Независниот извештај за прогресот 2016-2017 направен од Механизмот на независно известување, и искуствата и препораките за приоритизација и селекција на предложени заложби. Во текот на денот предвидена е и работа во групи што ќе им овозможи на граѓанските организации (ГО) да дадат насоки и препораки за следниот акциски план за периодот 2018-2020.

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја организира конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020″ со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Националниот ресурсен центар за граѓански организации”.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...