Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

8 Апр 2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и доброто владеење, пред сè, владеењето на правото и борбата против корупцијата“, изјави Штефен Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија на онлајн консултациите одржани на 3 април 2025 година. На настанот присуствуваа повеќе од 80 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да дискутираат за приоритетите и другите специфики на следните повици за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025.

Г-дин Худолин посочи дека се очекуваат значајни резултати од тековните и идните активности, и дека од суштинско значење ќе биде следењето и јакнењето на партнерствата – како со домашни граѓански организации и национални институции, така и со регионалните и европските партнери. На тој начин, земјите од Западен Балкан кои ја делат истата реформска агенда, ќе можат меѓусебно да разменуваат искуства и добри практики.

„ЕУ останува цврст и доверлив партнер на овој пат“, истакна г-дин Худолин, охрабрувајќи ги присутните внимателно да ги следат повиците што ќе бидат објавени во наредните недели, и активно да се вклучат со свои предлози и апликации.

Ирена Иванова, одговорна за граѓанско општество во Делегацијата на Европската Унија во Скопје подетално информираше за расположливите финансиски средства за следните повици за предлози, како и резултатите од онлајн прашалникот за утврдување на приоритетите и другите специфики на повиците за предлози во рамки на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025.  Програмирањето се темели на два клучни рамковни документи: Насоките на ЕУ за граѓанско општество во замјите на проширување, 2021-2027г; и Владината стратегија за соработка со граѓанското општество 2022-2024г.

Во областа на поддршка за граѓанските организации за нивно системско учество во пристапните процеси и преговори за членство во Европската Унија, граѓанските организации како најприоритетна ја оценија Реформската агенда и Планот за раст, по што следуваа  пристапувањето и преговорите со ЕУ и добрососедските односи. Беше потенцирано дека успешното реализирање на активностите треба да се базира на вмрежување и соработка, вклучувајќи воспоставување партнерства со организации и актери од земјите-членки на ЕУ. Областа на владење на правото и борбата против корупцијата беше оценета со највисок приоритет за акциските грантови, следено од слобода на изразување и медиуми, демократија, избори и добро управување. Г-а Иванова ја нагласи и важноста на транспарентност и отчетност за зголемен легитимитет и кредибилитет на граѓанските организации.

Grc news photo (6)

Во вториот дел од консултациите, граѓанските организации имаа можност да ги споделат своите идеи и да постават прашања. Прашањата главно се однесуваа на технички аспекти од повиците за акциски и оперативни грантови. Дадените предлози за приоритетни области на повиците ги потврдија резултатите од веќе направената анкета со граѓанските организации.

Отворениот повик за акциски грантови ќе биде објавен во април, додека пак повикот за оперативни грантови би требало да биде објавен во мај 2025 година.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...