Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

4 Фев 2025

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024 – 2025. Оваа онлајн консултација е отворена од 4ти до 20ти  февруари 2025.

Повиците за предлози го одразуваат стратешкиот пристап на ЕУ за регионот на проширување, утврден во програмската рамка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и ќе се фокусираат на клучните области на јавните политики неопходни за унапредување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Во овој контекст, граѓанските и медиумските организации имаат клучна улога во идентификувањето на главните области на јавните политики и активно вклучување во процесите на креирање политики и донесување на одлуки на различни теми кои се важни за процесот на пристапување и приближување кон ЕУ.

За таа цел, Европската комисија програмираше суштинска поддршка за граѓанските и медиумските организации преку Програмата ИПА Инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиумите. Во овој контекст, Програмата ИПА III CSF 2024-2025 ги идентификуваше приоритетите за понатамошен политички и финансиски ангажман со граѓанските и медиумските организации, што се во согласност со целите на Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година.  

Овој прашалник треба да ѝ помогне на Делегацијата на Европската Унија во идентификување на приоритетните теми, видовите активности и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на преговори и пристапување во ЕУ;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области на јавните политики;
  3. Повик за предлози (оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство

Ве молиме да го пополните Прашалникот најдоцна до четврток, 20 февруари 2025 година, до крајот на работно време, за да може вашиот придонес да биде земен предвид пред објавувањето на овие повици во првиот квартал од 2025 година.

Ви благодариме за вашата соработка и го очекуваме вашиот придонес.

Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови 2025

Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови


Ве молиме за сите три дела да го дадете вашето мислење за наведените приоритетни теми/сектори, со тоа што ќе им доделите највисок, среден или најнизок степен на важност на означените тематски приоритети.

Потоа, предложете потсектор(и) на кои треба да им се посвети посебно внимание и улогата што граѓанските организации можат да ја играат во процесот (односно предложете што би можеле граѓанските организации да направат за да придонесат за секој сектор).

На крај, накратко оправдајте ја релевантноста за избраната приоритетна тема/сектор(и).

ДЕЛ 1: Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на преговори и пристапување во ЕУ

Акциските грантови што ќе се доделат во рамки на овој повик треба да придонесат за зголемување на капацитетите на ГО систематски и директно да се вклучат во пристапувањето во ЕУ. Особено, активностите треба да придонесат за понатамошен развој на механизмот за секторско вмрежување на ГО и структурирани модели за дијалог за секторски политики. Активностите треба да имаат за цел да ги развијат капацитетите на ГО за понатамошно обединување на нивната експертиза кон силен и структуриран дијалог со Владата, вклучувајќи ги и дванаесетте секторски работни групи на ИПА. Друг фокус треба да биде ефикасното застапување на ГО и систематското следење на реформите поврзани со ЕУ и нивното директно вклучување во процесот на пристапување и придонес кон добрососедските односи.


(Структурен дијалог со ГО за пристапување во ЕУ)
(Вмрежувањето и соработката на ГО за зајакнување на соседските односи важни за напредокот на пристапувањето во ЕУ)
(Улогата на граѓанските организации во систематско следење и поддршка на спроведувањето на Реформската агенда/Планот за раст)

ДЕЛ 2: Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области на јавните политики

Акциските грантови што ќе се доделат според овој повик треба да придонесат за различни приоритети на секторските политики избрани преку консултации со граѓанското општество, донаторската заедница и други засегнати страни, во фазата на подготовка на овој повик.

Силен фокус ќе биде даден на влијанието на ГО врз политиките на локално ниво преку градење на нивниот капацитет за дијалог со носителите на одлуки, зајакнување на нивната улога на следење и застапување за интересите на граѓаните. Напорите ќе се фокусираат и на зајакнување на конституентите, мобилизирање поддршка и поттикнување силни локални партнерства. Ќе се посвети внимание на работата на ГО во справувањето со општествените и еколошките предизвици, промовирањето на учеството и зајакнувањето на младите и жените како двигатели на промените, борбата против корупцијата и подигање на свеста и нетолеранцијата на граѓаните кон корупцијата.

Силен фокус ќе биде даден и на зајакнување на медиумскиот интегритет, слободата на изразување, дигиталната писменост и почитувањето на новинарските стандарди за подобро информирање на граѓаните и подготовка на општеството за пристапување во ЕУ. Родовата еднаквост во медиумскиот сектор ќе биде приоритет, вклучително и промовирање на родово чувствително новинарство, обезбедување на безбедноста на новинарките, справување со онлајн насилството и затворање на родовите јазови во редакциите. Безбедноста на новинарите е од клучно значење, со напорите за справување со заканите и онлајн и офлајн. Дополнително, решавањето на предизвиците поврзани со слободата на изразување и дигиталните технологии – како што се говорот на омраза, дезинформациите и алгоритамското влијание врз пристапот до информации – е од суштинско значење, особено кај младите луѓе.


(адресирање на релевантните национални законски/финансиски реформи и шестте цели на Насоките на Генералниот директорат за ЕУ поддршка на граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027)
(како вертикални/хоризонтални приоритетни теми)

ДЕЛ 3: Повик за предлози – Рамковни договори за партнерство со оперативни грантови

Овој повик ја продолжува оперативната поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации со избирање на успешни апликанти за склучување на Рамковни договори за партнерство за поддршка на нивните годишни работни програми до четири последователни години. Целта е да се овозможи спроведување на основните активности на ГО во однапред дефинирани сектори, со примарна цел позитивно да се влијае врз животите на граѓаните и да се обезбеди нивно активно вклучување во реформите во секторот.

Специфичните сектори/теми за овој повик ќе се утврдат преку консултации со ГО и други засегнати страни за време на фазата на подготовка на овој повик. Фокусот ќе биде ставен на зајакнување на експертизата, надзорот и застапувањето на ГО во клучните секторски реформи, насочени кон подобрување на услугите за граѓаните во избраните области.


1 (Низок приоритет)2 (Среден приоритет)3 (Висок приоритет)
Заштита на животната средина и климатски промени
Владеење на правото и пристап до правда
Антидискриминација
Антикорупција, јавни набавки, транспарентност, ефективен надзор и правни лекови
Слобода на изразување и медиумски/новинарски интегритет и безбедност на новинарите
Квалитет во образованието (формално и неформално) и инклузивност
Реформа на јавната администрација, регрутирање и услуги за граѓаните
Родова еднаквост, правата на жените и младите
Права на потрошувачи, безбедност и заштита при работа, професионални права и права на пациентите
Локален економски развој и квалитет на руралниот живот
Борба против организираниот криминал и сајбер безбедноста
Активизам за култура и заштита на наследството

ВИСИНА НА ГРАНТ


Кој треба да биде минималниот, а кој максималниот буџет по договор за грант за Повик 1 и Повик 2? (Ве молиме, внимателно разгледајте го финансискиот капацитет на потенцијалните апликанти кога ги предлагате износите)

 
 

 

 

Повик 1

Повик 2

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ГРАНТ

Кое треба да биде максималното и минималното времетраење за спроведување на договор за грант за Повик 1 и Повик 2 (на пр. од 18 до 36 месеци)


ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ТРЕТИ СТРАНИ (регрантирање)

Финансиската поддршка на трети страни е значајна алатка што ја користи Европската унија за да допре до засегнатите страни на локално ниво. Кој треба да биде оптималниот максимален и минимален износ на финансиска поддршка за помалите граѓански организации?

 
 

 

 


во проценти? %..

ВАШИ ПРЕДЛОЗИ


Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...