Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации

18 Мај 2021

Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате на дебата на тема: „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“, која ќе се одржи онлајн на платформата ZOOM на 26 мај 2021 година со почеток во 11 часот.

Целта на дебатата е да се сподели искуството, ефектите, придобивките, слабостите и предизвиците кои произлегуваат по една деценија од донесувањето на правна основа за регулирање на статусот на организации од јавен интерес.

Имајќи во предвид дека Министерството за правда планира измени на Законот за здруженија и фондации и формира работна група што ќе работи на негово ревидирање, дополнително дебатата има за цел да даде конкретни препораки за потребните реформи и промени.

На настанот ќе бидат споделени и регионални компаративни согледувања за организации од јавен интерес и организации што спроведуваат активности од јавен интерес.

Во прилог Ви ја презентираме агендата.

11:00Отворање на настанот
 Александар Кржаловски, Директор, Македонски центар за меѓународна соработка
Бојан Маричиќ, Министер за правда, Влада на Република Северна Македонија
Никола Бертолини, Раководител на Сектор за соработка, Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија
11:15
Организации од јавен интерес Регионален компаративен преглед, регионални и домашни искуства и состојба, предизвици и можности за подобрување
 Лубен Панов, Правен експерт, Европски центар за непрофитно право
Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, Извршен директор, ЦРНВО, Црна Гора
Марија Митевска, претседателка на Комисијата за организации со статус од јавен интерес
12:00Дискусија и заклучоци
12:30Затворање

Регистрирајте се за учество

[wpforms id=”2963″]

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ZOOM еден ден пред почеток на настанот.

Дебатата се организира во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар и Медиа плус, Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...