Нова можност за стекнување вештини

8 Ное 2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за генерирање на фондови, 20-21 ноември 2019, Скопје
  • Обука за истражување и методи за истражување 5-6 декември 2019, Штип

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на [email protected] најдоцна до 16:00 часот на 15.11.2019.

Обука за генерирање на фондови

На обуката за генерирање фондови откријте како вашата организација може да расте и да стане финансиски одржлива преку стратешко планирање на ресурсите и зголемена разноликост на донаторите. Учесниците ќе стекнат вештини и знаења за концептите на одржливост и генерирање на ресурси, за идентификација на извори на фондови и обезбедување ресурси за организацијата од различни извори, за стратешки пристап кон обезбедувањето ресурси, како и за одржување на успешни релации со донаторите. Преку практични вежби, учесниците ќе учат за мапирање на изворите на финансирање, одредување индикатори на успех, подготвување на акциски план за финансиска одржливост итн.

Обука за истражување и методи за истражување

Обуката за истражување и методи за истражување ќе им помогне на граѓанските организации да ги зајакнат своите капацитети за спроведување на квалитетни истражувања. Учесниците ќе го зголемат своето знаење и вештини за процесот на истражување, од дефинирање на проблемот на истражување и дизајнирање на истражувањето, до подготовка на извештај од истражувањето. На обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со низа методи и техники на прибирање на податоци, како и методи и техники на анализа на податоци. Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење за хипотези и варијабли, избор на примерок, обработка и анализа на податоци итн.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...