Конференција „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации“

26 Апр 2018

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Националниот ресурсен центар за граѓански организации”, ја организираат конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020″. Се работи за дводневен настан кој ќе се одржи на 8 и 9 мај 2018 година во Клубот на органите на државната управа, Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Н.Е. Микаела Швајзер- Блум, Заменик Амбасадор на САД во Македонија, Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, и Гордана Гапиќ Димитровска, Министерство за информатичко општество и администрација.

Првиот ден ќе се дискутира за отвореното владино партнерство и напредокот и резултатите од спроведувањето на Националниот акциски план (НАП) 2014-2016.

Презентациите вториот ден ќе се однесуваат на Независниот извештај за прогресот 2016-2017 направен од Механизмот на независно известување, и искуствата и препораките за приоритизација и селекција на предложени заложби. Во текот на денот предвидена е и работа во групи што ќе им овозможи на граѓанските организации (ГО) да дадат насоки и препораки за следниот акциски план за периодот 2018-2020.

Целта на конференцијата е да ја промовира иницијативата Отворено владино партнерство меѓу ГО и подетално да ги информира за остварениот прогрес, да создаде простор за дискусија меѓу ГО и владините институции за искуствата и предизвиците во спроведувањето на третиот акциски план и самите да учествуваат во креирањето на новиот.

Заинтересираните учесници треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат во областите кои се релевантни за Отворено владино партнерство. За учество на конференцијата потребно е да го потврдите своето присуство со испраќање на пополнета пријава за учество на [email protected] најдоцна до 4 мај 2018 година.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...