Кочанските граѓански организации бараат обуки

28 Ное 2018

Граѓанските организации од Кочани за време на средбата со тимот на Мобилниот ресурсен центар на 27 ноември 2018 година покажаа голем интерес за обуки за стратешко планирање, подготовка на предлог проекти, мобилизација на волонтери, поттикнување на младите за нивно вклучување во активности, акции и вклучување во креирање на политики. Исто така, истакнаа дека имаат потреба од пристап до фондови, како и повеќе достапни информации како да дојдат до нив.

Присутните активистите рекоа дека им е потребна помош за да воспостават соработка со општините.

Претставниците на ресурсните центри на Скопје и Штип имаа средба и со градоначалникот Николчо Илијев, кој истакна дека има волја да ги поддржи проектите на граѓанските организации и активисти, но од нив очекува поголема проактивност, иницијативност и вклученост.

Целта на средбата беше да се слушнат потребите на организациите. Истовремено, тие се запознаа со работата на Граѓанскиот ресурсен центар, со акцент на центарот во Штип и поддршката што можат да ја добијат како консултации и обуки.

Вакви средби се предвидени во повеќе општини во Македонија, во рамките на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This