Информативна и едукативна средба на ГРЦ со граѓанските организации од Демир Хисар

12 Окт 2023

Можностите и услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар беа едни од главните теми на дискусија за време на посетата на Мобилниот ресурсен центар во Демир Хисар што се одржа на 6 октомври 2023 година со поддршка на локалните организации „Здружение за промоција на култура, уметност, материјален и духовен развој Центар за креативни индустрии – Небо“, Суводол и „Здружение за развој на деца и млади АТОК“, Демир Хисар.

За време на средбата, тимот на  Граѓанскиот ресурсен центар информираше за услугите кои им се на располагање на граѓанските организации како и за алатката Хелп деск (Help desk). Оваа алатка им овозможува на организациите лесно да стапат во контакт со ГРЦ за какви било оперативни или проектни прашања.

Претставниците на ГРЦ ги потсетија учесниците дека една од услугите е и бесплатниот простор за одржување на состаноци, настани или средби на граѓанските организации во Скопје. Тие ги упатија заинтересираните организации да поднесат барање за користење на просторот. Според Драган Станковски, канцеларискиот простор на ГРЦ многу ќе им користи на здруженијата како нивното, бидејќи често се соочуваат со проблеми да организираат настан заради високите цени за изнајмување.

Покрај информирање и дискусија за услугите, средбата имаше и едукативен карактер. Вториот дел беше посветен на логичката рамка – популарната алатка која се користи во процесот на развој на проектни идеи и подготовка на апликации. Вовед во пополнувањето и употребата на оваа алатка направи Валентина Чичева, од тимот на ГРЦ. Потоа, преку практични вежби учесниците се стекнаа со вредни знаења и вештини поврзани со нејзината употреба.

„Многу често имаме одлични идеи, но немаме доволно знаење да ги преточиме во проект“, рече Ана Стевановска од Здружението за развој на деца и млади АТОК. „Имаме голема потреба од обуки за пишување и развивање на проектна апликација”, додаде таа.

Граѓанскиот ресурсен центар нуди онлајн обука за пишување проекти која има шест сеопфатни сесии и е достапна на https://rcgo.mk/akademija/. Една од сесиите ја опфаќа логичката рамка, важен елемент во развојот на проектот. Покрај тоа, ГРЦ во моментов има отворен повик за обука за планирање проекти и пишување проектна апликација, а услов за учество на обуката е претходно да завршување на онлајн обуката.

Учесниците на состанокот го истакнаа значењето на ваквите собири за зајакнување на граѓанското општество. Можностите за вмрежување за малите организации нудат вредни придобивки за размена на информации, споделување искуства и знаења и заеднички напори во повици за проекти.

ГРЦ останува на располагање на граѓанските организации за сите прашања или дополнителни информации.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...