Информативен настан за одговорноста и безбедноста при заштита на личните податоци

14 Авг 2020

Граѓанскиот ресурсен центар со задоволство ве поканува на онлајн настанот „Заштита на личните податоци – право на секој граѓанин“ кој ќе се одржи на 26 август 2020 година на платформата ЗООМ.

Фрејк Јанмат од Делегацијата на Европската унија ќе зборува на темата од ЕУ перспектива и искуства. За важноста на заштитата на личните податоци, новините во Законот за заштита на лични податоци и вклучувањето на Општата регулатива на Европската Унија за заштита на личните податоци во овој Закон ќе говорат Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и Билјана Волческа од Агенција за заштита на личните податоци. Хрватските искуства во оваа област ќе ги пренесе Станко Церин,претседател на Здружението за лични податоци од Хрватска.

Дискусијата ќе ја подигне свеста кај граѓанските организации, кај одговорните за контрола и обработка на податоците, како и кај општата јавноста за значењето на заштитата на личните податоци во секојдневниот живот. За улогата на граѓанските организации во овој процес ќе говорат Димитар Ѓеорѓиевски, „Прајваси“ Скопје; Елена Стојановска, Метаморфозис; како и Арбен Гудачи, Македонско здружение на млади правници.

11:30- 12:30ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
– Фрејк Јанмат, Советник, Раководител на Сектор Економски прашања, градење институции, прекугранична соработка, Делегација на Европска унија
– Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, поранешен уставен судија
– Станко Церин, претседател на Здружение за лични податоци, Хрватска
– Билјана Волческа, Раководител на Одделение за европска интеграција, проекти и пренос на лични податоци, Агенција за заштита на личните податоци
Презентации и дискусија
Фацилитатор: Александар Кржаловски, извршен директор, Македонски центар за меѓународна соработка
12:30-13:30УЛОГАТА НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
– Димитар Ѓеорѓиевски, претседател на Национално здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ Скопје
– Елена Стојановска, Метаморфозис
– Арбен Гудачи, правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонско здружение на млади правници
Презентации и дискусија
Фацилитатор: Валентина Атанасовска, координатор на РЦи, Македонски центар за меѓународна соработка

Регистрирајте се за учество на настанот

Настанот е дел од програмата Граѓански ресурсен центар финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар. Дополнително, настанот е инициран и организиран во соработка со Националното здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци „Прајваси“ Скопје.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...