Идентификација на мрежите во Република Македонија

1 Фев 2019

Во текот на месец декември Граѓанскиот ресурсен центар како дел од активноста за поддршка на работата на државните институции релевантни за развој на граѓанските организации, спроведе онлајн-анкета за мапирање на мрежи на ГО, во која учествуваа 113 граѓански организации.

Анкетата имаше за цел идентификување на мрежите, коалициите и други здружувања на граѓански организации, како и директен придонес кон спроведување на Стратегијата што ќе придонесе кон активно вклучување на тематските мрежи на граѓански организации во работни групи за изработка на прописи и стратешки документи кои ги подготвува Владата и другите органи на државната управа.

Со оваа анкета беа идентификувани вкупно 69 активни мрежи кои дејствуваат на територијата на Македонија, а нивните контакт податоци заедно со другите наоди од анкетата се објавени во Извештајот од анкетата за идентификација на мрежите во Република Македонија.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...