Финални подготовки за финалистите

23 Авг 2021

Вкупно 16 претставници на граѓанските организации кои обезбедија место во финалето на квизот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) имаа можност да ги обноват своите знаења за време на обуката што се одржа на 19 и 20 август оваа година во Охрид.

Тие поминаа низ пет теми и тоа: Развивање на проектна идеа и подготвување на проектна апликација, Мобилизирање ресурси, Вмрежување, градење партнерства и коалиции, Добро управување, транспарентност и отчетност на ГО, Видливост и комуникации на ГО.

Беше вистински предизвик и за учесниците и за обучувачите да се поминат толку обемни теми во толку краток период. Затоа, обучувачите направија сосема поинаков приод, прилагоден на актуелната потреба, односно на претстојниот квиз. Секоја од сесиите започнуваше со квиз на една од темите. Учесниците индивидуално или во пар со колега од организацијата одговараа на 10 прашања, а потоа, резултатите беа разговарани во целата група. Така обучувачите имаа можност низ презентација да се навратат на областите каде е потребно разјаснување. Во зависност од должината на дискусиите, учесниците имаа можност да работат и во групи на зададени задачи.

Учесниците сметаа дека обуката им помогнала да расчистат некои од дилемите кои ги имале и веруваат дека сега се поподготвени за претстојниот квиз.

Квизот на ГРЦ е завршна активност на Програмата за градење капацитети преку која, од февруари 2018 година, беа обучени повеќе од 450 претставници на граѓанските организации. Финалистите ќе се натпреваруваат на 25 август 2021 година со почеток во 11 часот во хотелот Белви во Скопје, а пренос на настанот ќе биде овозможен на ФБ страната на ГРЦ. Трите најдобри организации во финалето ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 евра (за прва награда) и по 1.000 евра (за втора и трета награда) со кои ќе  можат да ја спроведат својата проектна идеа со која се пријавија на квизот.

Граѓанскиот ресурсен Центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...