Честит 27 февруари – Светскиот ден на невладините организации!

27 Фев 2025

Светскиот ден на Невладините организации е ден посветен на оддавање признание на милионите граѓански активисти ширум светот, со особена почит кон критичната улога што непрофитните и невладините организации ја играат во поттикнувањето на здрав, безбеден и правичен свет.

Одбележувањето на овој ден е прилика да се подигне свеста за виталната работа на граѓанските организации и да се мотивираат луѓето да ги поддржат. Денот треба да поттикне почитување на неуморните напори на граѓанските организации и луѓето кои ги поддржуваат во нивните напори да ги пополнуваат суштинските празнини во обезбедувањето услуги, да се залагаат за ранливите популации и реагираат на кризи каде што владите или приватните субјекти можеби не можат или не сакаат да дејствуваат.

Додека го славиме денот, да потсетиме дека работата на граѓанските организации не е лесна. Тие се соочуваат со низа предизвици – ограничено финансирање, недоволна препознаеност па дури и политички пречки. Затоа е толку важно вклучувањето: без разлика дали преку донации, волонтирање или едноставно подигање на свеста, сите ние и како организации и како поединци можеме и мораме да дадеме придонес и поддршка во нивните неуморни напори и во нивната мисија да го подобрат квалитетот на животот на сите во светот.

Граѓанскиот ресурсен центар е вклучен во напорите да ги инспирира луѓето што поактивно да се вклучат во граѓанското општество и да поттикне поголема симбиоза помеѓу граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор, промовирајќи човекови права и поттикнувајќи одржлив развој, испраќајќи јасна порака дека од активностите на граѓанските организации не само што имаат корист заедниците на кои им служат, туку истите придонесуваат и за глобалната стабилност и безбедност.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...