30 години граѓанско општество

21 Сеп 2021

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) со задоволство ве поканува на дебатата со наслов „30 години граѓанско општество“ што ќе се одржат на 29 септември 2021 од 12:00 часот, во хотел Александар Палас во Скопје и онлајн, односно ќе биде организирана во хибриден формат.

Во духот на одбележување 30 години независност на државата, дебатата ја посветуваме на развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и трендовите во функционирањето на граѓанските организации во последните 30 години. Преку анализата изготвена од Наташа Габер Дамјановска ќе ги опфатиме промените во овозможувачката средина за развој на граѓанското општество, и тоа во правната, регулаторната и финансиската средина, како и во соработката со државните институции и сл. На настанот ќе дебатираме за клучните постигнувања но, и за научените лекции од 30 години граѓанско општество, а ќе завршиме со патот на граѓанското општество во иднина.

Поради ситуацијата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, настанот ќе биде организиран во хибриден формат, во живо и на платформата ЗООМ. Дебатата ќе се одвива на македонски јазик со обезбеден превод на англиски и албански јазик. Поради логистички и други аспекти, би Ве замолиле да пријавите учество најдоцна до 27 септември 2021 година. Бројот на места за учество во живо е ограничен и ќе бидат прифатени само првите 40 пријавени лица.

Ова е завршен настан на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, Гостивар и Медиа плус, Штип.

По успешното регистрирање, учесниците кои се регистрирани за онлајн учество ќе добијат линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...