Здружение за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ

27 Дек 2024

m

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ

Земи Користи Врати - Проект за поддршка на палијативни пациенти

Спроведуван од: Здружение за поддршка на Палијативните пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ

КО-АПЛИКАНТ: Здружение на граѓани 6-та Ѕвезда Скопје

ЛОКАЦИЈА: Скопски регион

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Подобрување на можностите за квалитетна палијативна нега во домот

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • Зголемени локални капацитети и можности преку реализирање на иновативен модел за обезбедување на ортопедски помагала за палијативна нега и поддршка во домот;
  • Воспоставена силна врска меѓу Здружението ПАЛИУМ и семејствата со палијативен пациент;
  • Зголемено учество во креирање, спроведување и следење на јавните политики поврзани со палијативната нега и подигање на свесноста во заедницата за важноста од поддршка на оваа категорија на граѓани.

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

1 јануари – 30 септември 2025

БУЏЕТ

614.500 МКД