Центар за ромска заедница „ДРОМ“

27 Дек 2024

m

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ

Младите во борба против корупција

Спроведуван од: Центар за ромска заедница „ДРОМ“

КО-АПЛИКАНТ: Здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип

ЛОКАЦИЈА: Куманово и Штип, Североисточен и Источен регион

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Подигање на свеста кај младите за важноста од градење личен и институционален интегритет преку зајакнување на нивните знаења во борбата против корупција и судир на интереси, нејзино препознавање и форми.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • Подигната свест кај младите за корупција и оценка на нивото на нејзино препознавање во сите форми;
  • Подобрени морални вредности кај младите и стекната поголема самодоверба и доверба во институциите на системот;
  • Препознавање на корупција во сите нејзини форми и превземање на младински антикорупциски иницијативи;
  • Мотивирани млади за антикорупциски иницијативи;
  • Пронајдени системски решенија за антикорупција во нашето општество со заедничка иницијатива за соработка помеѓу младите и граѓаните од сите возрасти.

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

1 јануари – 30 септември 2025

БУЏЕТ

594.880 МКД