Јавен повик за учество во менторска програма на Граѓанскиот Ресурсен Центар

5 Јун 2026

Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?

Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

  • Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
  • Стратешко и годишно планирање – насоки за дефинирање на долгорочни и среднорочни цели, приоритети на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки или годишни планови
  • Проектен менаџмент - ефективно планирање и спроведување на проекти. Мониторинг, евалуација и известување.
  • Административно работење на граѓанската организација
  • Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
  • Erasmus + – Карактеристики и специфики на програмите на Erasmus +
  • Граѓанско учество и застапување – развој на стратегии и планови за застапување, влијание врз јавни политики, работа со заедницата, иницирање локални акции.
  • Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
  • Видливост, комуникации и односи со медиуми на граѓанската организација
  • Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
  • Диверзификација на извори на финансирање на граѓанските организации – социјално претприемништво, обезбедување услуги, итн.
  • Анализа на организациски капацитети

Кој може да аплицира?

Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.

Како да аплицирате?

Заинтересираните организации треба да изразат интерес објаснувајќи ги главните предизвици и областите во кои бараат менторска поддршка.

Што добивате?

✅ Индивидуален пристап и работа со искусен ментор
✅ Практични алатки и ресурси за понатамошен организациски развој
✅ Поддршка во примената на стекнатите знаења и препораки

Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!

За дополнителни информации, контактирајте нè на: [email protected]

Пријави се преку следниов формулар

Пријава за менторска поддршка (2025)