НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Општата цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на демократијата во Северна Македонија преку подобрен изборен процес и активно учество, со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност. Ова ќе се постигне преку активна улога на граѓанското општество, подобрување на мониторингот на изборите и обезбедување фер и балансирано медиумско известување.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Р.1. Подобрена достапност, инклузивност и учество на граѓаните во изборниот процес.
Р.2. Формирање на мрежа за набљудување на изборите, која ќе вклучи млади активисти и граѓански организации со цел да обезбедат фер, транспарентни и инклузивни изборни процеси.
Р.3. Зголемување на свесноста, информираноста и активното учество на граѓаните во изборниот процес.
Р4. Зголемена подготвеност и учество на гласачите во изборниот процес, особено кај младите, маргинализираните групи и лицата со попреченост.
Р5. Зголемена транспарентност, отчетност и ефективност на изборните процеси преку детална евалуација на локалните избори 2025.
Р6. Идентификување на конкретни механизми и иницијативи кои ќе ја унапредат транспарентноста, интегритетот и дигитализацијата на изборниот процес, како и ќе ја зголемат довербата на граѓаните во изборните системи.
ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД
12 месеци
БУЏЕТ
9.965 ЕУР




