fbpx

Граѓански активисти без активни граѓански организации во општина Дебарца

22 Ное 2024

На 19.11.2024 година, Мобилниот ресурсен центар ја посети општина Дебарца. На средбата присуствуваа граѓански активисти, претставници на здружението „Екотуризам“ од Охрид, образовен кадар од локалното училиште и преставници на Општина Дебарца.

Претставниците на „Екотуризам“, здружение од Охрид кое активно соработува со општината Дебарца, истакнаа дека досега реализирале бројни проекти во Дебарца, финансирани од различни донатори, со фокус на заштита на Белчишкото Блато(Сини Вирој),едно од најзначајните обележја на општината. Преставниците на локалната самоуправа споделија  позитивни искуства и соработка со USAID.

Присутните беша  информирани за работата и активностите на Граѓанскиот ресурсен центар,и ги споделија своите досегашни позитивни искуства во имплементација на проекти. Истакнаа дека нивен најголем предизвик е депопулацијата, односно иселувањето на младите. Иако Општината има предвидено годишен буџет за граѓански организации, за жал сите организации во оваа општина се неактивни, со исклучок на спортските здруженија кои сè уште функционираат. Дел од присутните изразија интерес за формирање на ново здружение, а оваа средба ќе им биде поттик за побрза реализација и иницирање на конкретни чекори. Тимот на ресурсниот центар од Гостивар понуди поддршка и насоки за реализација на оваа идеја.  

Посетата заврши со обиколка на Музејот Дебарца и Ликовната колонија, кои се наоѓаат во непосредна близина на општината.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...