Покана за учество на дебата „Културата на волонтирање – реалност или предизвик?“

21 Ное 2023

На 5 декември, светот и ние, го одбележуваме денот на волонтерите и волонтерството, феномени од исклучително општествено значење што треба да се поддржуваат и поттикнуваат.  Волонтерството се заснова на доброволно дејствување на поединците во корист на други лица и заедници без финансиска корист за волонтерот. Колку е волонтирањето организирана и честа појава кај нас и каква е културата на волонтирање во нашата држава? Кои се „наградите“ за волонтирањето?  Дали и зошто нашите граѓани (не) волонтираат?

Овие, и други прашања сакаме да ги разгледаме и продискутираме заедно со претставниците на граѓанските организации, други организатори на волонтерска работа и младите.

Граѓански ресурсен центар и Медиа плус, Штип ве канат да бидете дел од Дебатата што се реализира во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2финансиран од Европската Унија. Настанот ќе се одржи на 5.12.2023 г. во Ресурсниот центар во Штип (Мултимедијален центар Канал 77, 3 кат, Петта партиска конференција 32).

За учесниците кои доаѓаат надвор од Штип ќе бидат покриени патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

АГЕНДА

10:45/11:00Регистрација на учесници
11:00/11:10Отворање на настанот - Слободанка Блажевска, Ресурсен центар Штип, Медиа Плус Штип
11:10/12:15Култура на волонтирање - како се гради, состојба и можности

- Драгана Митровиќ, Ресурсен центар – Штип, Медиа Плус – Штип
- Снежана Симоновска, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
- Драган Маркоски, Мировен Корпус
- Мирјанка Алексевска, Надворешен консултант 

Презентации и дискусија

Фацилитатор: Валентина Величковска, Граѓански ресурсен центар
12:15/12:30Пауза за кафе
12:30/14:00Како да се подобри културата на волонтирање во граѓанските организации?

Работа во групи и дискусија

Заклучоци
14:00/14:30Коктел

Пријави учество

Пријава за учество на настан

Овој настан е дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.