Информативни сесии за учеството на граѓанските организации во креирање политики

26 Мај 2023

Граѓанскиот ресурсен центар ги кани граѓанските организации и сите заинтересирани да учествуваат на информативна сесија за учеството на граѓанските организации во креирање политики. Средбите ќе се одржат на следните локации и датуми:

  • 5 јуни во Ресурсен центар Гостивар (Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1, Гостивар)
  • 6 јуни во Ресурсен центар Штип (Петта партиска конференција бб, Мултимедијален центар Канал 77, трети спрат, Штип)
  • 7 јуни во Салата за седници на Советот на општина Битола, Битола

Во првиот дел од настанот ќе биде презентиран Годишниот извештај од следењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) во 2022 како и учеството на организациите во креирање политики на централно ниво. Ефикасното застапување, улогата на организациите и граѓанското учество во донесување одлуки на локално ниво ќе бидат во фокусот на втората сесија а организациите ќе бидат информирани и за формите и нивоата на граѓанско учество во процесот на одлучување на локално ниво.

 АГЕНДА
11:45 – 12:00Регистрација
12:00 – 13:00Презентација на Огледало на Владата – Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони, Годишен извештај од следење на ЕНЕР во 2022

- Валентина Величковска, Граѓански ресурсен центар  

Презентација и дискусија
13:00 - 14:30Форми на граѓанско учество, механизми за ефективно учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво Улогата на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки и ефикасни начини за застапување на локално ниво

- Игор Тасевски, експерт  

Презентација и дискусија
14:30 – 15:30Ручек

Пријавете го вашето учество:

Пријава за информативна сесија

Овие настани се дел од проектот “ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ од Гостивар.