Предложи тема за дискусија која е важна за граѓанското општество

6 Мар 2019

Со цел да ги идентификуваме приоритетните теми кои се од ваш интерес, ве замолуваме да одвоите 2-3 минути за да одговорите на прашалникот и да придонесете со ваш предлог тема за дискусија.

Граѓанскиот ресурсен центар во текот на 2019 година ќе продолжи со организирање национални дебати за актуелни теми кои го засегаат граѓанското општество.

Идејата е директно да ги вклучиме организациите во креирање на програмите за дебатите и со тоа да поттикнеме што повеќе дискусии за важни прашања.

Досега Граѓанскиот ресурсен центар организираше три дебати на кои присуствуваа над 170 учесници, а беа посветени на регрантирањето, стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор и на политичката активност на граѓанските организации.

 

[wpforms id="1911"]