На 29-30 септември 2026 г. во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се спроведе првиот модул од Академијата за граѓански организации, на која учествуваа 17 учесници.
Оваа академија има за цел граѓанските организации кои се опфатени со истата, да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост преку тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн обуки, работилници во живо, менторство и практична работа.

Првиот модул имаше за цел да придонесе кон градење силна и добро управувана организација и во таа насока ги опфати следниве четири области:
Во првата област посветена на Добро управување и организациска поставеност учесниците се запознаа со правната рамка релевантна за граѓанските организации, улогите и одговорностите на управните и извршните органи, внатрешната организациска поставеност, транспарентноста, отчетноста и спречувањето на судирот на интереси.
Во втората област посветена на Внатрешни политики и процедури учесниците се запознаа со организациските правилници за финансиско работење, набавки, човечки ресурси, етика, заштита на податоци и друга релевантна документација.
Третата област беше посветена на Канцелариско и архивско работење, пристапот, заштитата и начинот на чување на документацијата, а во рамки на четвртата област која беше посветена на Стратешко планирање учесниците се запознаа со Анализа на стостојбите, користејќи го ИОМ моделот за надворешна и внатрешна анализа на организацијата, поврзување на визијата и мисијата со стратешките приоритети, стратешките цели и програмската работа на организацијата

Модулот 1: Градење силна и добро управувана организација, се реализираше како последователна активност на онлајн Обукитена истите теми, кои беа услов за учество во академијата. Идејата беше, по стекнатото основно знаење од онлајн обуките, учесниците за време на модулите во живо, а потоа, онаму каде што ќе произле потреба и преку последователни менторски сесии, да дискутираат за дилемите, да се разјаснат одредени прашања, како и преку практична работа да се се здобијат со вештини и знаења за примена на наученото во нивното секојдневно работење на соодветните теми.
„Работилницата беше одлична можност за нас, активистите од граѓанските здруженија, да научиме нешто ново и да ги проширименашите знаењапреку меѓусебен разговор и дискусија, но и со нашите обучувачи чии теоретски предавања беа збогатени со нивните бројни искуства на темите кои беа опфатени“, изјави Весна Кирова од Организацијата на жени на општина Велес.

И за Цвета Ефтимова од Здружението за психолошка поддршка “Центар за психолошко советување и личен развој-Цвета“ од Штип, искуствата се позитивни: „Работилницата беше сеопфатна, темелно беа опфатени сите теми и проблеми со кои се соочуваат колегите кои работат во овој сектор. Предавачите беа одлични, со големо знаење од областа, отворени за комуникација и прашања. Посебно ми се допадна тоа што ние бевме активно вклучени во процесот со прашања, работни листови и практични вежби“, рече таа.
Интересот за оваа активност граѓанските организации го пријавуваа на јавен Повик за изразување интерес за учество во академијата за граѓански организации.
Согласно планираното, следните два модули во живо ќе бидат спроведени во периодот октомври-ноември 2026 г.
Академијата за граѓански организации беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар




