Здруженијата на пензионери се информираа за заштитата на личните податоци

18 Окт 2023

Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје (СЗПГС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) на 17 oктомври одржаа информативна сесија посветена на Законот за заштита на личните податоци

Експертот во оваа област, Арбен Гудачи, ги запозна претставниците на здруженијата на пензионери со нивните обврски како здруженија, со чекорите на спроведување како и со правата како корисници на личните податоци.

„Во оваа ера на дигитална комуникација, постојано споделуваме наши лични податоци на разни места. Од голема важност е да бидеме свесни за нашите права и обврски при размена на вакви податоци. Ова е нова реалност за сите нас” – изјави Надежда Топаловска од Сојузот на здруженија на пензионери на Град Скопје

Гудачи ги упати присутните дека личен податок е секоја информација со која физичко лице може да се идентификува на пример: име и презиме, матичен број, адреса на живеење итн.

Некои податоци се сметаат за чувствителни по својата природа, како што се расно или етничко потекло, политички ставови, верски или синдикални организации, како и генетски, биометриски податоци или податоци за сексуалниот живот или ориентација.

Ефтим Мишовски, претседател на Здружението на воени пензионери во Скопје, сподели позитивно искуство на заштитата на ваков тип на податоци преку својата успешна интервенција.

„Како претседател на куќниот совет имав ситуација во која еден од станарите ги злоупотреби личните податоци од списокот на станари. Во соодветен рок ја пријавив злоупотребата и по долготраен процес на проверки можам да споделам успешна завршница со Агенцијата за заштита на личните податоци“, додаде тој.

Доколку организациите сметаат дека им е повредено правото можат да поднесат Барање за утврдување на прекршување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП).

Учесниците беа запознаени со чекорите и со засегнатите страни при спроведување на овој Закон. Беше нагласена и клучната улога на офицерот за заштита на личните податоци во организацијата. Тој се определува врз основа на неговите стручни квалификации и практиките во областа на заштитата на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци може да биде вработен во организацијата или да ги извршува работите врз основа на договор за услуги.

Практикувањето на одредбите од Законот не е едноставно за организациите. „Помалите организации се соочуваат со предизвици при примената, бидејќи немаат доволно ресурси да вработат офицери“ –  се пожали Ремзи Реџеп, делегат од Здружение на пензионери од Чаир.

При спроведување на различни проекти и настани, граѓанските организации собираат основни податоци за учесниците. Тие мора да бидат соодветно чувани според временскиот рок одреден од донаторот, се додека не се исполни целта за која тие биле потребни.

Информативните сесии од овој тип се од големо значење за граѓанските организации при спроведување на овој закон во нивните активности.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...