„Светла иднина“ од Кочани е победник во Квизот на ГРЦ

26 Авг 2021

Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ од Кочани е победник во финалето од Квизот на знаење на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), кое се одржа на 25 август 2021г. во хотел Белви во Скопје. Здружението ја освои главната награда, финансиска поддршка од 2.000 евра за спроведување на проектната идеја со која се пријавија на квизот.

„Победата е уште една потврда за знаењето со кое располага нашата организација на теми како развивање проектна идеа и подготвување проектна апликација, мобилизирање ресурси, добро управување итн. Наградата што ја освоивме ќе ја искористиме за организациски развој и надоградување на нашите капацитети“, вели Мустафа Саидов од „Светла иднина“.

Второто место му припадна на здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ – Скопје, а третата позиција ја освои тимот на Асоцијацијата на советници за развој на кариера – АСК, исто така од Скопје. Двете организации добија грант од по 1.000 евра за организациски развој.

Дел од натпреварувачите изразија  благодарност за можноста на овој начин да го покажат знаењето, но и да си го потврдат. Тие истакнаа дека покрај тоа што им било многу интересно, во целиот процес научиле многу нови работи.

Во финалето на Квизот на ГРЦ се пласираа најдобрите 11 организации од прелиминарната фаза. Вкупно 20 финалисти одговараа на прашања на теми од големо значење за одржливо, ефективно и отчетно работење на граѓанските организации. Финалето се спроведе во три регуларни круга и една сесија со бонус прашања, со која беа одредени победниците.

Целиот процес беше надгледуван од три члена комисија, која беше составена од соработници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Квизот на ГРЦ е завршна активност на Програмата за градење капацитети преку која, од февруари 2018 година, беа обучени повеќе од 450 претставници на граѓанските организации.

Видеото од Квизот на ГРЦ, погледнете го ТУКА.

Граѓанскиот ресурсен Центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...