Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање

18 Ное 2024

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

Со таа цел Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање што ќе се оддржи на 27-28 ноември 2024 во Битола.

Што ќе научиш на оваа работилница?

Ден 1 (27.11.2024):

  • Зајакнување на вештините на граѓанските организации за управување со волонтери;
  • Основни принципи на волонтерство и волонтерски вредности;
  • Циклус на ефективен волонтерски менаџмент;
  • Мотивација, регрутација и мобилизација на волонтери;

Ден 2 (28.11.2024):

  • Законска регулатива за волонтерство;
  • Учесниците преку практични вежби ќе работат на развивање на програма за волонтирање;
  • Следење и евалуација на волонтерскиот процес и администрација на волонтерските процеси.

По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи имплементацијата на новостекнатите знаења!

Што е обезбедено?

Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата, поврзани со сместување, патување (во висина на автобуски билет) и работни материјали.

Потребни предзнаења?

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења. Но, услов за учество на оваа работилница е претходно да ја имате завршено онлајн воведната обука за волонтерство, која се состои од една сесија во времетраење од 10 минути.

Form submission is now closed.
Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...