fbpx

Промоцијата на волонтерството и можностите за волонтирање изостануваат, а интерес меѓу младите ИМА!

6 Дек 2024

“Промоцијата на волонтерството и можностите за волонтирање изостануваат, а интерес меѓу младите ИМА!“ беше општиот заклучок од дебатата „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“, со која Граѓанскиот ресурсен центар, вчера, на 5ти декември 2024, во РЦ Штип, заедно со повеќе од 100-тина учесници, го одбележа Светскиот ден на волонтерите.

Целта на настанот беше да информира и да допринесе кон промоцијата на културата на волонтирање, примарно меѓу младите, како би се охрабриле да се вклучуваат и самите да иницираат волонтерски акции за позитивни промени во своите заедници.   

Во првиот дел од настанот, беа претставени клучните карактеристики на волонтирањето, за тоа што Е, а што НЕ Е волонтирање, кој сѐ може да биде волонтер и организатор на волонтерска работа. Исто така, учесниците дискутираа за нивото на волонтирање, особено од страна на младите, во нашата држава. Заклучено беше дека младите не волонтираат многу, а се дискутираше  за причините и можностите како таа ситуација да се подобрува. Од страна на присутните беше кажано дека волонтерскиот труд и резултати во нашето општество не се вреднуваат адекватно, дека нема многу можности за волонтирање понудени од страна на граѓанските организации, и често истите не се соодветно промовирани за младите кои имаат интерес да знаат каде да се обратат.

Волонтирањето е начин на кој што можеме да им помогнеме или да им олеснеме на оние на кои тоа им е потребно. Јас сум волонтер во Црвен крст на РСМ Штип веќе 3 години и активно учествувам во сите активности кои ги нуди нашата организација. Има илијадници волонтери низ целиот свет, но за жал свеста за волонтирањето кај нас сѐ уште не е доволно распростанета истакна Теодора Стојчевска од Црвениот крст на РСМ, општинска организација Штип.

Присутните дискутираа за тоа дека волонтерството не е многу ценето, забележувајќи  дека е потребно волонтерскиот труд да се препознае, признае и да се вреднува соодветно, не само заради бенефит на волонтерот/ката, туку и заради ефектите што истото ги има врз заедницата.

“Денес, на денот на волонтерството 5 декември мора да ги промовираме главните придобивки кои целокупното општество ги има од волонтирањета и тоа: економските поточно финансиските олеснувања на буџетот на државата бидејки со волонтирањето тоа се овозможува;  социјалните, бидејќи со волонтирањето се гради поздрава социјална средина, поздрави односи и поквалитетен систем на вредности, како и градење на лична кариера на волонтерот со која истиот ќе стекне поголема самопочит, а општествената средина ќе го препознае ќе го вреднува исклучително“ рече Мавро ди Карпичаров од Здружението на акцијаши волонтери “Пат на младоста“ од Штип.

Денешниот настан е одлична можност за поттикнување на волонтерството во Македонија“ рече Јорданка Калајџиева од Еколошкото друштво “Виножито“ од Штип. “Многу е битно да има што е можно поголем број вакви настани кои ќе ги поттикнуваат младите што помасовно да се вклучуваат во волонтерска поддршка на заедницата и да се прави што е можно поголема промоција за организирање волонтерски иницијативи на терен, особено за заштитата на животната средина“ додаде таа.

На овој настан вниманието беше свртено и на Стратегијата за промоција и развој на волонтерството 2021-2025, како рамка во која треба да се движат чинителите за да се постигнат позитивни резултати и волонтирањето да биде почитувано, препознаено и негувано како една од основните вредности на општеството. За жал, спроведувањето на Стратегијата не е на многу завидно ниво, заклучија присутните, особено една од нејзините 4 стратешки цели, која се однесува на  „поттикнување на културата на волонтирање во рамки на образовниот систем“ Во реалноста, активностите за поттикнување на културата на волонтирање се незавидно малку и мора уште многу и посветено да се работи за да се постигне оваа цел. Училиштата можат навистина да допринесат многу преку поддршка на своите ученици и охрабрување за волонтирање, како и организирање на акции за волонтирање, соработка со граѓанскиот сектор и промовирање на постојните можности, истакнаа присутните. Во оваа насока беа претставени и неколку позитивни примери од страна на присутните претставници и волонтери од граѓанските организации, како и можностите за ангажирање на волонтери за различни активности и иницијативи, а и самите млади кои немаа претходно волонтерско искуство споделија идеи за акции во какви би сакале да се вклучуваат.

Во вториот дел од настанот, преку работа во групи, учесниците анализираа како сѐ младите преку волонтирање можат да придонесат кон позитивни промени и подобро општество, но исто така и кои се нивните очекувања, интереси, предизвици и стравови.

Организаторите на волонтерска работа, и возрасните, ги споделија своите очекувања одмладите волонтери: да покажат иницијативност, одговорност и исполнителност, а со својот пример и збор – да ја шират идејата за волонтерството; да станат лидери и носители на волонтерството во своите заедници.

Младите, исто така, имаат очекувања од организаторите на волонтирањето и потреби поврзани со нивното волонтирање, како: позитивен и фер/коректен однос, обезбедени услови за извршување на волонтерските задачи, препознавање и вреднување на нивниот труд, нивните вештини и труд да се искористат за да се придонесе кон решавање на практични проблеми во заедницата… Тие очекуваат и развивање на личните вештини и знаења, стекнување искуства и нови пријатели, да ја градат својата самодоверба, и, забавна и динамична работа, а волонтираат затоа што сакаат да придонесат, да бидат хумани, од корист на заедницата и да се чувствуваат исполнето и задоволни. Тие сакаат да научат и нови знаења што би им помогнале да ги исполнуваат волонтерските задачи, како управување со времето, тимска работа, комуникациски и презентерски вештини, волонтирање…

Младите стануваат сѐ посвесни дека преку волонтирање младите луѓе можат значително да допринесат за подобрувањето на нивните заедници. Преку различни активности не само што ја разубавуваат околината, туку и ги засилуваат врските меѓу луѓето и ги подобруваат условите за живеење за сите во заедницата.

На овој настан тие напишаа многу мотивирачки пораки кои сакаат да им ги пренесат на своите врсници:

„Можеш да помогнеш. Приклучи се денес!“

„Секој час волонтирање носи радост и промена.“

„Да помогнеме некому, бидејќи човекољубието е најважна религија во светот.“

„Волонтирај за подобра заедница.“

„Помагањето е моќно! Да волонтираме и да направиме голема разлика.“

„Имаме потреба од волонтери!“

„Клучот е да најдеш области во кои твоите вештини и знаења можат да бидат искористени и да се обидеш да создадеш конкретни практични решенија за потребите на задницата. На крајот, твоето знаење и посветеност може да имаат големо влијание врз заедницата и да создадат позитивни промени.“

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...