Граѓанскиот ресурсен центар спроведува анкета за задоволството на граѓанските организации од нашата досегашна поддршка за Вас. Вашите коментари и сугестии за нашата работа ќе ни помогнат да ги унапредиме и подобриме услугите што ги обезбедуваме за Вас. Ќе Ви бидеме благодарни доколку одвоите 10 минути од Вашето време и ни дадете искрен повратен одговор за нашата работа. Ве информираме дека пополнувањето на овој прашалник е анонимно.
ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2 е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.
Ве молиме да одговорите на следниот прашалник: