Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“

1 Окт 2025

Развивање дигитални решенија со општествен импакт

📅 Датум: 16 октомври 2025
🕙 Време: 10:00 – 16:30
📍 Локација: ГРЦ Скопје

Дигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето.

Работилницата има за цел да им помогне на граѓанските организации да развијат иновативни дигитални решенија кои директно одговараат на реални социјални проблеми и потреби во заедницата. Преку водство и инспирација, организациите ќе добијат простор да ги претворат своите идеи во конкретни концепти што можат да се развијат во идни проекти.

Ќе работиме интерактивно, преку тимски вежби, креативни методи и практични алатки. Учесниците ќе имаат можност да ја следат и применат рамката од специјално развиен водич со 10 чекори за дигитални социјални иновации, кој ќе ги води од првиот чекор – идентификација на проблемот и целната група – па сè до последниот, кој вклучува мерење на успехот и импактот.

На крајот на денот, секоја организација ќе замине со:

  • конкретна идеја за дигитална алатка или решение,
  • план како да ја развие, тестира и промовира,
  • и визија како преку технологија може да создава долгорочни општествени придобивки.

Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои:

  • Сакаат да развиваат иновативни проекти со дигитална компонента
  • Сакаат да научат како технологијата може да се искористи за решавање на социјални проблеми
  • Работат со младински, едукативни, еколошки, социјални или инклузивни иницијативи
  • Имаат идеи кои би сакале да ги трансформираат во дигитални решенија со општествен импакт

Што ќе добиете од работилницата?

  • Подлабоко разбирање за што се дигитални социјални иновации и зошто тие се значајни за граѓанските организации
  • Методолошки водич со 10 јасни чекори за развој на дигитални решенија со општествен импакт
  • Практично искуство низ тимски вежби и работа на реални примери
  • Насоки како идејата да ја претворите во конкретно дигитално решение (веб-апликација, мобилна апликација, платформа или дигитална алатка)
  • Примери на добри практики од Македонија и регионот кои веќе донеле позитивни резултати
  • Можност за развој на конкретни идеи кои можете да ги преточите во идни проекти
  • Вмрежување со други организации со слични интереси и визија за промени
  • Основи на соработка со технолошки партнери – стартапи, ИТ заедници и фриленсери

Што следува по работилницата?

Организациите што ќе покажат интерес и потенцијал ќе имаат можност да добијат менторска поддршка за развој на концепт за дигитална социјална иновација.

Дневен ред

Време Активност
9:30 – 10:00Пристигнување и пријава на учесници
10:00 – 10:15Добредојде и вовед во работилницата
10:15 – 10:45Што се дигитални социјални иновации?
10:45 – 11:15Претставување на водичот за развивање на дигитални социјални иновации
11:15 – 11:30Пауза за кафе
11:30 – 12:00Вежба: Групирање преку идентификување на општествени проблеми
12:00 – 13:30Креирање на ДСИ - Работа во групи (прв дел)
13:30 – 14:15Пауза за ручек
14:15 – 15:15Креирање на ДСИ - Работа во групи (втор дел)
15:15 – 16:00Презентирање на креираните дигитални социјални иновации
16:00 – 16:30Завршна сесија и дискусија
Пријавуањето е завршено.

Оваа работилница е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.