Потребни се заеднички напорите на сите чинители за подобра состојба на младите во општина Карбинци

22 Апр 2024

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува со посетите на Мобилниот ресурсен центар и одржување на близок контакт со локалните организации низ државата. На 18 април 2024 година, ГРЦ ги информираше претставниците од локалната самоуправа и граѓанските организации од Карбинци за можностите и услугите што ги нуди како што се алатката Хелп деск (Help desk), користење на бесплатниот простор во Штип, Гостивар и Скопје за организирање на настани на организациите, споделување на информации и ресурсни материјали релевантни за организациите, градење на капацитети, вмрежување итн. Присутните покажаа особен интерес за можностите за прибирање средства и месечниот преглед на отворени повици што Граѓанскиот ресурсен центар редовно го подготвува и споделува со граѓанските организации.

Претставниците од општинската администрација информираа дека во нивниот годишен буџет имаат ставка за транфер на средства за здруженија на граѓани. Меѓутоа за финансирање на граѓанските организации не објавуваат јавен повик, туку средствата се одобруваат на барање на организациите, согласно висината на расположливиот општински буџет. На пример, за 2023 година, за граѓанските организации биле планирани 200.000 мкд, од кои, до крајот на годината дел останале непотрошени. Дополнително, тие истакнаа дека се отворени за соработка со граѓанските организации, која се состои главно од вклучување на организациите на форуми, склучување меморандуми за различен вид соработка во рамки на која општината има свои ингеренции, како и давање друг вид поддршка побарана од организациите.

На средбата се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации и граѓаните воопшто, а особено младите. Иако Карбинци е општина каде бројот на жители е релативно стабилен и има неколку граѓански организации, неколку спортски клубови и играорна  група, сепак можностите за младите се многу ограничени. Присутните истакнаа дека општината нема Стратегија за соработка со граѓанските организации, како ни лице назначено да работи на соработка и комуникација со граѓанскиот сектор. Општината има назначено службеник за млади, но нема Младински центар и Локален младински совет. Општ беше заклучокот дека е потребно да се засилат напорите од сите чинители за подобрување на состојбата и вложување во капацитетите на младите. Во оваа насока, присутните истакнаа дека нивните планови, после изборите, се да иницираат формирање на Локален младински совет за оваа општина.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...