fbpx

Покана за учество на дебата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво”

10 Дек 2024

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Учеството на граѓанските организации во креирање политики на локално ниво“, која ќе се одржи на 17 декември 2024 година (вторник) со почеток од 14:00 часот на платформата ЗООМ.

Настанот има за цел да поттикне дискусијата за улогата на граѓанските организации како катализатори на позитивни промени во заедниците и како тие можат да влијаат врз локалните политики за подобрување на квалитетот на животот во заедницата. Присутните локални организации ќе ги споделат своите успешни приказни и предизвици во застапувањето и нивното учество во креирање локални политики и стратегии. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења за различните форми и механизми за учество во креирање политики, носење одлуки, комуникација со локалните власти и мобилизација на заедницата.

Настанот ќе послужи и за презентирање на новата онлајн алатка за промоција, поддршка и следење на иницијативи за застапување на граѓанските организации. 

На настанот ќе учествуваат претставници на граѓанските организации, активисти и членови на локални иницијативи, како и секој заинтересиран за улогата на граѓанското општество во локалните политики.

АГЕНДА

Пријавените учесници ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.

Пријава за учество на дебата за креирање политики

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.ци ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...