Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

15 Окт 2024

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ.

Целта на настанот е да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење, транспарентност и влијание. На настанот ќе бидат презентирани и успешни примери за дигитална трансформација во граѓанскиот и во јавниот сектор, примери за успешни дигитални решенија и социјални иновации имплементирани во Македонија, и нивното влијание за внесување значителни промени.

Во вториот дел од настанот, присутните ќе имаат можност да постават прашања и да дискутираат за можностите и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации во поглед на дигитализацијата.

АГЕНДА

12:00/12:15Отворање на настанот
Валентина Величковска, извршна директорка, Граѓански ресурсен центар
Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”
12:15/13:00Улогата на вештачката интелигенција во подобрување на граѓанското учество и креирањето политики во дигиталната ера
Проф. Д-р Горан Шибаковски, Декан на Факултетот за Применети ИТ, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид

Примена на вештачката интелигенција за подобрување на општественото влијание
Проф. Д-р Александар Карадимче, Декан на Факултетот за информатички и комуникациски науки, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид

ИТ решенија и социјални иновации во корист на зголемување на импактот и одржливоста на граѓанските организации
Проф. Д-р Моника Марковска, Факултет за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и претседателка на Здружението за социјални иновации ВР Лаб Битола

Успешни примери за дигитална трансформација и влијание
М-р Атанас Гоџоски, Директор на Ангор АГ, ИТ компанија

Подобрување на продуктивноста преку дигитални алатки (споделување на пример: Aqtos)
– Дамјан Дано, консултант за дигитална трансформација и основач на Aqtos и IWM Network

Фацилитатор: Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”
13:00/13:30Дискусија

Пријави се за учество

Пријава за учество на настан

Пријавените учесници ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...