fbpx

Организациите во Новаци имаат потреба од јакнење на нивните капацитети за поголемо влијание на локално ниво

29 Ное 2024

На 28 ноември 2024 година, во салата на Советот на општина Новаци локалните организации и активистите од оваа општина се информираа за актуелностите за развој на граѓанското општество на локално и национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво.

Посетата беше спроведена во рамки на Мобилниот ресурсен центар чија цел е Граѓанскиот ресурсен центар да се доближи до локалните организации во различните општини и региони и да поразговара за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

По презентацијата од страна на претставниците на ГРЦ, присутните го изразија своето задоволство од одржувањето на посетата на Мобилниот ресурсен центар во нивната општина.

Ние сме нова и млада организација и информациите кои што ги слушнавме за нас се многу корисни и едукативни“ рече Роберт Николовски од организацијата „Подај рака“ од Новаци.

Во понатамошната дискусија, тој ги сподели и предизвиците со кои се соочуваат во текот на своето работење, а главно се однесуваат на недостаток на повици кои се однесуваат на хуманитарни акции, кои, според нив, во моментов се најпотребни за нивните целни групи. “Ние сме здружение чии целни групи главно се самохрани родители, бездомници, деца со ретки болести и др. ранливи категории и многу тешко наоѓаме повици кои се наменети за нивните реалните потреби“ додаде Роберт. Најголема поддршка во областите во кои работиме имаме од Градоначалникот и општинската администрација, рече тој: “Со поддршка на општината во моментов имаме обезбедено два контејнери за бездомници, кои планираме да ги поставиме во с. Живојно и во с. Рапеш, а во преговори сме со бизнис секторот од нашата општина за покривање на сметките за струја, како и донирање на сончеви колектори за овие два контејнери“.

Во текот на дискусијата, и претставникот од Фудбалскиот клуб Новаци го истакна своето задоволство од соработката со општина Новаци, потенцирајќи дека поддршката која што ја добиваат е клучна за опстојување на клубот.

Финансиската поддршка за граѓанските организации се доделува врз основа на Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации, како: спортски клубови, месни заедници, црковни одбори, културно-уметнички друштва, верски заедници од Буџетот на Општина Новаци истакнаа претставничките на општинската администрација, присутни на состанокот. Покрај финансиска поддршка, секогаш кога за тоа имаат потреба, на граѓанските организации им обезбедуваме и простор и друга логистика за одржување на нивните средби и активности, додадоа тие.

Општината има актуелна Програма за еднакви можности на мажите и жените, како и Стратегија за млади на општина Новаци за периодот 2024-2029, а во моментов, во тек е формирање на Локален младински совет и Младински центар во општина Новаци, рече Андреј Наумовски од ГО Младинска граѓанска акција, Новаци.

Во општината нема посебно лице назначено за работа со граѓанските организаии, но Одделението за локален економски развој комплетно го покрива ова прашање

На крајот од средбата присутните истакнаа дека организациите во општина Новаци имаат потреба од зајакнување на нивните капацитети за изготвување на квалитетни апликации и аплицирање на проекти и во оваа насока од ГРЦ побараа поддршка за спроведување на обуки за развивање на проектни идеи и пишување проектни апликации, како и други обуки и консултации за нивно подобро и поквалитетно работење во областите во кои што делуваат.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...