ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

10 Мар 2025

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што ќе се оддржи на 2 и 3ти април 2025 на платформата ЗООМ.

Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да ги разберат основите на дигиталната трансформација, важноста на дигиталното работење и како тоа може да се примени за зголемена ефикасност, поголемо влијание и одржлив раст на граѓанските организации.

Дневен ред: ДЕН 1

10.00 – 10.45СЕСИЈА 1: Зошто е потребна дигиталната трансформација на граѓанските организации?
10:45 – 11:30СЕСИЈА 2: Алатки за управување со тимови и проекти
11:30 – 11:45Пауза
11:45 – 12:30СЕСИЈА 3: Дигитално застапување и изградба на дигитално присуство преку социјални медиуми
12:30 – 13:00Дискусија

Дневен ред: ДЕН 2

10.00 – 10.45СЕСИЈА 1: Дигитални решенија на основ на социјални иновации
10:45 – 11:30СЕСИЈА 2: Дигитални алатки за фандрејзинг и контакт со поддржувачи
11:30 – 11:45Пауза
11:45 – 12:30СЕСИЈА 3:  Како да ја започнете дигиталната трансформација во вашата организација
12:30 – 13:00Дискусија

По завршување на обуката, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи дигиталната трансформација на нивната организација!

Рок за пријавување: Најдоцна до 17ти март 2025 година.

Пријави се на следниов формулар:

Пријавуањето е завршено.