Мобилниот Ресурсен Центар на средба со активистите и младите од Општина Конче

17 Јул 2024

На 15.07.2024, Мобилниот Ресурсен Центар ја посети Општина Конче и оствари средба со претставници на граѓанското општество, младите и локалната самоуправа. На средбата се разговараше за нивните идеи за организирање на активности, настани, акции, а се заклучи и дека постои интерес од општината за поддршка на граѓанските организации и на младите, за спроведување со локалните предизвици и реализирање на нивните иницијативи. Посебен акцент беше ставено на поддршка на младински иницијативи, со цел спречување на миграцијата која е особено актуелна.

Дел од предизвиците со кои се соочуваат локалните организации и младите во Општина Конче е нивната слаба информираност и слабите капацитети и знаење. Локалните организации од оваа мала општина, како и останатите мали рурални средини, имаат потреба од обуки за подобрување на капацитетите во повеќе области, како што се вештини за пишување на проекти и генерирање фондови, управување со ГО, стратешко планирање но и дигитални вештини. Присутните укажаа и на слабата информираност за можностите и условите за формализирање на нивното здружување заради организирање на активистите и спроведување акции за подобрување на животот во овие рурални средини како и обезбедување на одржливост.

На средбата учествуваше и градоначалникот Златко Ристов кој покажа интерес и отвореност за соработка и поддршка на локалните организации и активистите. Беше истакнато дека во моментот е важно да се опреми просторијата која организациите ја имаат на располагање и ја користат за состаноци и размена на идеи.

Во контекст на презентираните предизвици, од страна на претставниците на Граѓанскиот Ресурсен Центар присутните беа информирани за можностите и услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар како алатката Хелп деск (Help desk), користење на бесплатниот простор во Штип, Гостивар и Скопје за организирање на настани, споделување на информации релевантни за организациите итн. Беше презентирана и можноста за градење капацитети, онлајн обуки достапни на https://rcgo.mk/akademija/, како и финансиска и ресурсна поддршка.

Граѓанскиот Ресурсен центар следејќи ја својата мисија, ќе дава поддршка на граѓанските организации, кои се гласот на граѓаните и суштинскиот чинител на демократијата, за да бидат ефективни, отчетни и одржливи независни чинители.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...