Консултативна средба за приоритети на повици од Европската Унија

25 Мар 2025

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ги кани сите заинтересирани на консултации за финализирање на дискусијата за приоритетите и другите специфики на повиците за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за граѓанско општество и медиуми 2024-2025 година.

Консултациите ќе се одржат онлајн на 3 април од 12:00 до 14:00 часот.

Консултациите ќе ги отвори г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Дискусиите ќе се фокусираат на идентификување на приоритетните теми, типот на акции и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) - Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ и преговорите;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области;
  3. Повик за предлози (Оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство.

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на консултациите, ве молиме потврдете го вашето учество со пополнување на формуларот:

Пријава за учество на консултативна средба

Линк за приклучување на консултативната средба: https://us02web.zoom.us/j/81720257206