Граѓанските организации заинтересирани за консултациите за програмирање на IPA III инструментот за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2026-2027

23 Сеп 2024

Околу 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на консултациите за програмирање на IPA III инструментот за поддршка на граѓанското општество, одржани онлајн на 20 септември 2024 година.

Воведно излагање на овој настан дадоа Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европска Унија и Ирена Иванова, Програмски менаџер во Делегацијата на Европската Унија. Ирена Иванова, презентираше сеопфатен преглед на процесот на консултациите, фокусирајќи се на главните програмски цели, вкупните распределби на финансирањето во рамките на ИПА III CSF 2026-2027 и потенцијалните области на соработка.

По презентациите, граѓанските организации беа поканети да дадат свои коментари, предлози и да придонесат во програмирањето на ИПА III CSF за 2026-2027 година.

Дел од предизвиците со кои што се соочуваат граѓанските организации се поврзани со неодговорната дигитална трансформација; зголемените последици од неквалитетните содржини во медиумите, зголемената поларизација и говор на омраза во онлајн просторот, ширење на нелегална содржина и сајбер безбедност. Во однос на овие предизвици беше предложено ЕУ да даде приоритет на зајакнувањето на граѓаните со потребните знаења, алатки и платформи за да се вклучат во транспарентно владеење кое одговара на нивните потреби. Ова е клучно за поттикнување на информираното учество на граѓаните. Понатаму, ЕУ треба да придонесе за одговорна дигитална трансформација преку спроведување на регулативи и стандарди кои промовираат одговорност во дигиталните простори.

Дискусијата стави фокус и на економските теми, вклучително и динамиката на пазарот на труд, државната помош и неформалната економија, за да одговори на итни економски предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Други приоритети што беа спомнати се поврзани со безбедноста на храната и научната соработка, дигитализација во туристичкиот сектор, посветеност на социјалните политики и задоволување на потребите на ранливите популации итн.

Претставниците на локалните организации повикаа на воведување на мерки за поедноставување на пристапот до проекти за малите организации, особено оние кои се занимаваат со локални прашања, а се со цел да се зајакне нивниот ангажман.Консултациите беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...