По повод 27 февруари – Меѓународниот ден на невладините организации, Граѓански ресурсен центар организира национално одбележување преку серија паралелни активности во Скопје, Штип и Гостивар, како и теренска посета преку Мобилниот ресурсен центар.
Со овие активности, ГРЦ ја истакнува важноста на силно, активно и влијателно граѓанско општество како глас на граѓаните и двигател на напредок, кое ги препознава потребите на заедниците, иницира конкретни решенија и придонесува кон подобрување на квалитетот на живот.
Под заедничката порака „Граѓанското општество – двигател на општествени промени“, на 27 февруари ќе се реализираат следните активности:
Граѓански ресурсен центар, Скопје
Целодневна обука: Развивање проектни идеи со помош на алатката Логичка рамка
Во главната канцеларија во Скопје ќе се одржи практична обука наменета за граѓански организации кои сакаат да ги зајакнат своите капацитети за подготовка на квалитетни проектни предлози.
Со користење на алатката Логичка рамка, учесниците ќе работат на:
- развивање на јасна и одржлива проектна идеја
- дефинирање цели, резултати и активности
- поврзување на проектите со општествени промени и влијание
Оваа активност има за цел да им помогне на организациите да креираат поодржливи иницијативи и да го зголемат своето влијание во заедницата.
Граѓански ресурсен центар, Гостивар
Јавна дебата: Улогата на граѓанските организации во развојот на заедницата
Во Ресурсниот центар во Гостивар ќе се одржи јавна дебата посветена на важноста на граѓанските организации и нивниот придонес во локалниот развој, отчетноста и демократските процеси.
На дебатата ќе учествуваат претставници на граѓански организации, активисти, локалната самоуправа и други релевантни чинители, со цел да се поттикне конструктивен дијалог и зајакнување на соработката на локално ниво.
Граѓански ресурсен центар, Штип
Информативен ден за младите: Вклучи се – направи промена
Во Ресурсниот центар во Штип ќе се одржи информативен и интерактивен настан наменет за младите од средните и основните училишта во Штип кои се заинтересирани за активизам, волонтирање и граѓанско организирање. Присутните претставници на граѓанските организации ќе ги споделат своите искуствата и постигнувања од работењето на организациите.
Настанот ќе обезбеди информации за:
- користа и можностите за волонтирање и активизам
- како да се формира граѓанска организација
- како да се делува преку неформални групи
- поддршката што ја нуди Граѓанскиот ресурсен центар
Целта е да се поттикне нова генерација активни млади луѓе кои ќе придонесуваат кон позитивни општествени промени.
Мобилен ресурсен центар – Поддршка на локално ниво
Регионалните експерти на Граѓанскиот ресурсен центар преку Мобилниот ресурсен центар ќе ја посетат општина Демир Хисар, каде ќе остварат средби со локалните организации, граѓанските активисти и претставниците на локалната самоуправа.
Тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” отворениот ден со граѓанските организации во општина Демир Хисар ќе го реализира на 27 февруари 2026 со почеток во 13:00 часот во салата на Советот на општина Демир Хисар.
Целта на посетата е обезбедување поддршка на локалните организации за развој на локални иницијативи и унапредување на соработката меѓу локалната власт и граѓанскиот сектор.
Сите заинтересирани учесници може да се пријават за некој од настаните преку пополнување на соодветната пријава за учество. Патните трошоци за учесниците се покриени во висина на повратен автобуски билет.
За повеќе информации и пријавување, ве молиме контактирајте ја соодветната канцеларијата на Граѓанскиот ресурсен центар:
- ГРЦ Скопје [email protected]
- РЦ Штип [email protected]
- РЦ Гостивар [email protected]
- Регионален експерт за Пелагониски регион [email protected]
- Регионален експерт за Југозападен регион [email protected]




