Анкетен прашалник за организациски капацитети и вмрежување

16 Апр 2026

Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате во мини анкета која се состои од два дела.

Првиот дел е наменет за проценка на организациските капацитети на граѓанските организации, а целта е вашите одговори да придонесат кон прилагодување на проектните активности согласно фактичките потреби на граѓанските организации.

Вториот дел го опфаќа членството во мрежи на граѓански организации, каде сакаме да ги идентификуваме сите активни мрежи на национално ниво и да ја ажурираме базата на мрежи достапна на https://rcgo.mk/mrezhi/.

Пополнувањето на прашалникот ќе ви одземе најмногу 10 минути.

Ви благодариме на вашето учество!