Повик до граѓанските организации за учество на обука за архивско работење

1 Окт 2025

Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате на еднодневна основна обука за административно работење, која ќе се одржи на:

📅 21 октомври 2025 година
📍 Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да го подобрат административното работење во своите организации. За оваа обука нема потреба од претходно предзнаење – може да се пријават и учесници кои немаат искуство во административно работење.

Обуката за административно работење ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење и вештини за канцелариско и архивско работење. Ќе ги зголемат своите основни знаења за архивскиот и документарниот материјал, распоредувањето и вреднувањето на документите според Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови на чување. Исто така учесниците ќе бидат запознаени со основите на канцелариското работење од аспект на тоа како се води основната книга за евиденција-деловодник, како и со основите за архивското работење.

 Со цел да се обезбеди успех и резултати од градењето капацитети, после оваа обука, со обучените организации ќе се спроведат последователни менторски активности за да се осигура дека предвидените резултати се финализирани.

Дневен ред

  21.10.2025, вторник
11.00-11.45СЕСИЈА 1: Вовед Основни поими во канцелариското и архивското работење
Архивски материјал, Документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл.
11:45-12:30СЕСИЈА 2: Распоредување (вреднување) на документите
План на архивски знаци, Листа на Архивски материјал, Листа на документарен материјал со рокови на чување
12:30-12:45Кафе пауза
12:45-13:30СЕСИЈА 3: Основи на канцелариското работење
Деловодник, Како се води основната книга за евиденција – деловодник (пренос на основен број, резервација на потребни места, попис на акти, поврзување на актите)
13:30-14:30Пауза за ручек
14:30-15:30СЕСИЈА 4: Архивирање
Попис и опис на архивски материјал, Пописен Лист на документарен материјал за уништување
15:30-16:00Дискусија, затварање на обуката
Пријавуањето е завршено.

Оваа обука е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.